Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Маркетинг
  • Контакт
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Свет
4. September 2019 - 18:23

Новата влада на Италија утре ќе положи заклетва

Tweet

Италијанскиот премиер Џузепе Конте формираше нова влада, коалиција меѓу Движењето 5 ѕвезди и Демократската партија од левиот центар, која утре во 10 часот ќе положи заклетва, соопшти денеска Претседателската палата.

Шест дена откако италијанскиот претседател Серџо Матерла му го довери мандатот на Конте да формира нова коалиција, тој денеска го извести шефот на државата дека успеал да го стори тоа.

Конте ги претстави членовите на својот нов кабинет во кој проевропеецот и европратеник на Демократската партија Роберто Гвалтиери ќе ја заземе функцијата министер за економија и финансии. Лидерот на Движењето 5 ѕвезди, Луиџи ди Мајо ќе биде иден шеф на дипломатијата, додека нова министерка за внатрешни работи е Лучана Ламоргесе. Министерството за одбрана му е доверено на уште еден истакнат член на Демократската партија, Лоренцо Герини.

Церемонијата на инаугурација на новата влада ќе се одржи утре во 10 часот во палатата Квиринале, седиште на италијанскиот претседател.

Во новата влада нема претставници од партијата Лига на десничарскиот лидер Матео Салвини, кои беа во претходната коалиција.

Првата 14-месечна влада на Конте се распадна минатиот месец кога Салвини ја повлече својата антиимигранска партија Лига од коалицијата во неуспешниот обид да издејствува предвремени избори за да стане премиер.

 
 

 

Tweet

Свет

  • Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата

  • Пожар го уништи историскиот облакодер „Вјесник“ во Загреб

  • Преглед на вестите од светот

Популарно од Свет

  • Најчитани
  • Најсподелувани
  • Масовни протести во Словачка: Десетици илјади...

    18.11.2025
  • Фон дер Лајен: Белгија нема да биде сама во...

    18.11.2025
  • Пожар го уништи историскиот облакодер „Вјесник“...

    18.11.2025
  • Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за...

    18.11.2025
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави

  • Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125

  • Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра

  • Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра

  • Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата

  • Амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре напладне

  • Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип

  • Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2025 Сител Телевизија