Новата прва дама на Бразил го одушеви светот со обраќање на знаковен јазик

Новата прва дама на Бразил Мишел Болсонаро се обрати на знаковен јазик на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Жаир Болсонаро, на огромно одушевување на присутните, но и на луѓето ширум светот кои изразија поддршка на социјалните мрежи.
Нејзината порака ја видоа и слушнаа повеќе од 100.000 луѓе кои присуствуваа на церемонијата во главниот град Бразилија и милиони други кои ја следеа инаугурацијата на 42. претседател на телевизија.
Меѓу истакнатите гости беа државниот секретар на САД Мајк Помпео и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Сите сме на иста страна. Заедно ќе направиме просперитетен Бразил, со љубов, ред, напредок, мир, образование и слобода за сите. Бразил и Бог над сѐ. Ви благодарам многу. Бог да ве благослови“, рече првата дама Мишел Болсонаро.
Мишел (36) е 27 години помлада од нејзиниот сопруг. За неа се знае дека е родена во Бразилија, дека е многу скромна и посветена на нејзината религија.
Првата дама на Бразил е вклучена во активности за лицата со хендикеп и посебни потреби и им ги преведува неделните миси на знаковен јазик на глувите во нејзината локална црква.
Ново на Сител
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
