Технологија
10. јуни 2019 - 11:09

Новата Нокиа ќе чини 112 долари

ХМД Глобал ја лансираше новата „Нокиа 2.2“ со 5,7-инчен екран, „Хелио А22“ процесор и со Андроид уан оперативен систем, Новиот паметен телефон ќе чини 99 долари во Индија, каде што всушност ќе отпочне продажбата, а во остатокот од светот цената ќе изнесува 112 долари.

Уредот ќе има два или три гигабајти РАМ, 16 или 32 гигабајти надворешна меморија, и батерија од 3000 мегаампер-часови.

Додатоците вклучуваат и копче за брзо активирање на „Гугл асистентот“, како и отклучување преку препознавање лице.

Што се однесува на камерите, на предната страна се наоѓа камера од 5 мегапиксели, а пак, задната е од 13 мегапиксели и со ЛЕД блиц.