Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
Стартот на Првата фудбалска лига во Македонија е в петок (8.август), а со почетокот на новиот шампионат на натпреварите ќе биде применувана и ВАР технологијата.
Досега ВАР системот во Македонија се применуваше само на Националната Арена „Тодор Проески“ и тоа на меѓународни натпревари.
Едно од првите ветувања на претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ со неговото доаѓање на оваа функција беше дека домашниот шампионат ќе биде „збогатен“ со примена на ВАР системот.
-ВАР-системот во Македонија конечно стана реалност. Она за кое работевме макотрпно во изминатиот период неколку луѓе сега стои пред нас. Ја имаме целосната потребна технологија, имаме три модерни соби кои наскоро ќе бидат брендирани. Судиите ќе имаат целосна комоција. За овие три месеци направивме огромна работа. ФИФА и УЕФА ни оддадоа признание, не им се вруваше дека за толку кратко време ќе успееме да го реализираме овој голем проект, изјави Омерагиќ.
Сите судии во ВАР-собите ќе бидат македонски арбитри, а главен координатор на целиот ВАР-проект е биде Дејан Јакимовски, поранешен фудбалски судија.
МИА
Ново на Сител
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско
-
Сообраќајка во Кочани - тешко повредено едно лице
-
Земјотрес од 5,3 степени го погоди западот на Турција