Новата болница во Струмица ќе почне со работа идната година
Следната година, по долги години, Струмица ќе има нова болница, информираше министерот за здравство, Венко Филипче при неодамнешната посета на струмичката болница.
Додаде дека владата заедно со министерството за финансии работи на обезбедување буџет за опремување на болницата.
-Разговараме и со експерти од болницата за прераспределба на одделите, односно како најрационално тој простор ќе се искористи, рече министерот Филипче.
Потенцираше дека во рамки на политиките на владата за инвестирање во младиот кадар и во платите на здравствените работници се очекува и зголемување на бројот на вработените во новата болница во Струмица.
-Заедно со дежурствата во февруари идната година тие ќе имаат во општите болници повисока плата за 70, 80 па дури и 90 проценти од тоа што беше на почетокот на 2018 година. Верувам дека младите ќе ја бараат и ќе ја најдат иднината овде, во нашата земја. Имаме издадено повеќе од 5 илјади согласности за вработување во изминатите две години и со тоа темпо ќе продолжиме понатаму, подвлече министерот за здравство, Венко Филипче.
Во новата болницата, која се простира на 6 илјади метри квадратни, ќе бидат сместени сите хируршки гранки-хирургија, гинекологија, очно и ушно одделение. Ќе има осум оперативни сали и секое одделение ќе има своја сала за изведување операции.
Објектот почна да се гради во далечната 1986 година. Осум години подоцна изградбата беше запрена, откако на неуспешен референдум струмичани не се согласија да издвојуваат средства за продолжување на изградбата.
Ново на Сител
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025