Новата американска администрација до лето ќе обезбеди уште 200 милиони дози вакцини
САД имаат цел да купат дополнителни 200 милиони дози вакцини против Ковид-19, изјави американскиот претседател Џо Бајден, додавајќи дека износите ќе бидат доволни до лето да се вакцинираат повеќето Американци.
Администрацијата на Бајден ќе купи 100 милиони дози вакцини произведени од „Фајзер“ и „БиоНТек“ и „Модерна“, со што вкупните дози ќе се зголемат на 600 милиони, а испораката се очекува пред летото.
Претходната цел на администрацијата беше да се купат 400 милиони дози.
Секоја вакцина за да биде целосно ефикасна се дава во две дози по лице, што значи дека новите залихи ќе бидат доволни за вакцинирање на повеќе од 331 милиони граѓани во земјата.
-„Фајзер“ е уверен дека може да ги испорача дополнителните дози во времето определено од претседателот Бајден, рече портпаролката на фармацевтската компанија Шерон Кастилјо.
„Модерна“ одби да даде коментар.
Бајден најави дека во следните три недели ќе се зголеми количеството на вакцини што им се префрла на локалните власти на 10 милиони дози неделно, наспроти 8,6 милиони во моментов. Веста беше поздравена од гувернерите на сојузните држави, кои и покрај тоа кажаа дека им требаат уште повеќе дози вакцини.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок