Нова верзија на играта на смртта, се враќа Рускиот рулет: Се одбројува и сите гледаат во чкрапалата
Играта која настанала по идеја на парализираниот поранешен мајстор на боречки вештини Валериј Ешченко повторно е актуелна во рускиот град Перм. Всушност се работи за варијација на играта руски рулет, само што во оваа игра не се користат вистински куршуми, туку електрошокови кои можат да предизвикаат сериозни проблеми.
Играта која носи заработка и го крева адреналинот има слични правила како и класичната верзија на смртоносната забава.
Потребно е учесникот да стави еден "куршум" во буренцето од револверот и да го заврти. Секој играч треба да го повлече чкрапалото додека револверот му е насочен кон главата, а наместо куршум тој исфрла електрична искра, односно струен удар.
"Електро куршумите" се непријатни, а по ударот мускулите се грчат и се чувствува трнење, а учесниците признаваат дека електронскиот шок предизвикува сериозни проблеми.
Целта на играта е учесникот да ја сокрие болката и да се однесува како да не му е ништо, односно како да не е погоден.
Оној кој во тоа ќе успее или кој има најмногу среќа да не го погоди струен удар се прогласува за победник.
Напонот кој настанува со испукување на електричната искра е толку висок не само што се чувствува во револверите туку и во собата во која се игра. За време на играта не е дозволено учесниците да се повикуваат по име или надимаци, туку добиваат бројки.
Во првата етапа, играчите пукаат во вратот на учесникот кој се наоѓа пред нив. Кога модераторот ќе објави дека се "сите живи", револверските буренца повторно се вртат и почнува уште едно одбројување и повлекување на чкрапалото. Постапката се повторува пет пати додека вратот на еден од учесниците не почне да се грчи. Тој тогаш излегува од "двобојот".
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар