Македонија
16. September 2015 - 12:49

Нова улица во економската зона Марино-Кадино

Општина Илинден, во рамките на реализацијата на проектот за подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони,  ја изгради новопроектираната улица „6“ во локалната економска зона Марино-Кадино.

Станува збор за улица во должина од 400 и широчина од 7 метри, во чија изградба се инвестирани 4 милиони денари.

Од општината посочуваат дека новата економска улица е од големо значење за локалниот економски развој, со оглед на тоа што ги поврзува стопанските објекти во оваа економска зона со локалниот пат Марино-Кадино, а ќе биде од големо значење и за другите стопански капацитети што интензивно се градат или, почнуваат да се градат во оваа економска зона.

- Преку интензивни вложувања во патната, комуналната и енергетската инфраструктура во стопанските комплекси и во 9-те локални економски зони општина Илинден обезбедува поволни услови за влез на нови домашни и странски инвеститори, поддршка на постојните инвеститори, а со тоа и можности за отворање на нови работни места, велат од општината и додаваат дека инвестирањето во инфраструктурата и натаму останува еден од нивните приоритети.