Македонија
19. February 2019 - 10:05

Нова улица кај висококатниците во Општина Аеродром

Се гради нова улица „Новопроектирана 3“ кај висококатниците во Општина Аеродром.
 
– Досега се изведени околу 250 метри, а Град Скопје треба да обезбеди влез од булеварот „Србија“. Улицата е широка 12 метри, има четири ленти и тротоари од двете страни со широчина од два метра. Исто така, изведени се фекална и атмосферска канализација, како и улично осветлување, соопштија од Општина Аеродром.
 
Оваа улица се очекува дополнително да го растовари сообраќајот во тој дел од Општина Аеродром.