Нова телеграма од Спасовски за овластувањата во МВР
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска со нова телеграма ги информирал вработените во МВР на што се однесува неговиот вчерашен допис со кој престанаа да важат овластувањата од поранешните министри за раководните лица во Министерството.
- Во врска со телеграмата бр.131-60 од 12.11.2015 година, со која престануваат да важат овластувањата од министрите за внатрешни работи кои раководеле со Министерството за внатрешни работи до денот на донесување на наведената Одлука за избор на членови на Владата на Република Македонија, информирам дека истата се однесува на сите пренесени овластувања, освен овластувањата за донесување решенија, други управни акти и документи во управни работи, овластувањата за прием и заведување на актите во деловник и уписник и овластувањата за ракување со печати и штембили, кои ќе важат до донесување на нови решенија за пренесување на предметните овластуања, се вели во телеграмата што ја објавуваат медиумите.
Телеграмата е упатена до раководителите на сите организациски единици во седиштето на Министерството, Бирото за јавна безбедност, централните полициски служби, сите сектори за внатрешни работи, Управата за безбедност и контраразузнавање и сите сектори во Управата за безбедност и контраразузнавање на територијата на Република Македонија.
На функцијата министер за внатрешни работи Спасовски беше избран завчера, како кадар на предлог од опозициската СДСМ, по гласањето на законите што произлегоа од Договорот во Пржино за надминување на политичката криза.
По објавувањето на правата телеграма од Спасовски се огласи СДСМ со став дека овластувањата во МВР се одземени за да се спречат злоупотреби. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак оцени дека Спасовски започнал со спроведување политизацијата на МВР, според партиски насоки и оти во одбрана на секоја негова одлука се објавени партиски соопштенија од СДСМ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје