Нова средба на работните групи за идниот статус на СЈО
Работните тимови на власта и на опозицијата денеска ќе одржат нова средба во обид да се постигне согласност за законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на СЈО.
Средбата е закажана во 18 часот во Министерството за правда.
Двете страни иако инсистираат на своите ставови, велат дека разговорите не се пропаднати.
Заев завчера во тв дуелот со Мицкоски најави дека ќе прифати се што не подразбира заштита на криминал и е согласно Уставот и законите. На Фејсбук, пак, по дуелот, напиша дека СЈО е веќе создаден институционален капацитет и нема потреба да се уништува.
– Напротив, како него треба да се водат сите други. Затоа со новиот закон, СЈО, ќе биде оддел во јавното обвинителство со јасни ингеренции. Проблемот за опозицијата е што очигледно сака да го штити криминалот, па не го поддржува овој реформски закон. Одговорете на едноставно прашање: дали сакате Северна Македонија да напредува или сакате да ја видите закочена и повторно да не добие датум за преговори, кој го чекаме од 2005 година?, напиша Заев во пораката до Мицкоски.
Во меѓувреме, се одвиваат консултации за законот и со помалите парламентарни политички партии.
Ново на Сител
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило
-
Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени
-
Дарио Ивановски победник на полумаратонот на годинашното издание „Охрид трчаТ“