Тенис
8. July 2016 - 17:07

Нова сингл победа на Ѓорческа за ново финале во Торино

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да избори пласман во уште едно финале во поединечна конкуренција. Таа во полуфиналето ја победи втората носителка Монсерат Гонзалез со 2-1 во сетови за два часа игра, иако ривалката водеше со 1-0 во сетови.
 
Ѓорческа уште еднаш покажа карактер и успеа да го добие мечот откако Гонзалез го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Во вториот сет Ѓорческа водеше со 5:3 и имаше сервис за да го добие сетот, но противничката направи серија од три гема за водство од 6:5. Сепак Ѓорческа успеа да стигне до тај брејк што го доби на поени со 8:6. Во решавачкиот сет нашата тенисерка доминираше и на ривалката не и дозволи ниту една шанса за да го добие сетот, кој нашата тенисерка го доби со 6:3.
 
Утре во финалето ќе игра против Далила Јакупович од Словенија, со која попладнево заедно ќе го играат и финалето во конкуренција на двојки.
Наградниот фонд на турнирот во Торино што се игра на земјена подлога е 25.000 долари.