-->
-->
Нова шампионска титула за Вардар во СЕХА лигата
-->

Екипата на Вардар го совладаа ППД Загреб со 26-23 (14-12) во финалето на СЕХА лигата што се одржа во Брает. За „црвено-црните“ ова е петти трофеј во регионалната лига, а трет во низа.
Хрватскиот тим отвори подобро, откако во 11 минута водеше со 7-3, но вардарци се соземаа и брзо ја вратија резултатската неизвесност. Тимот на Роберто Парондо рано остана и без Рожерио Мораеш, кој доби директен црвен картон уште во 17 минута. Агресивниот старт врз Алекс Влах му донесе исклучување од црногорските судии. Вардар сепак на пет минути пред крајот поведе во резултатот, а на полувреме замина со плус 2 (14-12)
Првото полувреме сепак помина во сенка на повредата на Кристијан Дисингер. При еден дуел со противнички удар, вардаровиот ракометар падна со целата тежина на левата рака и комплетно ја свитка. Подолго време му се укажуваше помош, лекарите ја имобилизираа, но најверојатно се работи за скршеница.
Загреб го започна подобро и вториот дел и по пет минути изедначи на 14-14, но остана без Мандиќ кој заработи црвен картон. Кристопанс и Дибиров ја вратија предноста од два гола 14-16. Вардар во 50 минута ја имашеи најголемата разлика од +4 (22-18). Хрватите не се откажаа и ја бркаа предноста, па на две минути до крајот дојдоа до 23-24, но Дејан Милосављев ги откажа сите нивни намери.
Најефикасен кај Вардар беше Кристопанс со седум погодоци, Дибиров и Скубе постигнаа по пет, додека Милосављев имаше осум успешни интервенции. Кај Загреб, Мраковчиќ со четири гола беше најефикасен.
Мешков Брест пак го освои третото место. Во малото финале во Брест, домашната екипа беше подобра од Нексе Нашице со 19-24.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Честитка од Ѓорѓиевски за Водици: Нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение
-

Крстот во Гостивар го фати Бобан Симјаноски
-

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро
-

Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов
-

Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026"
-

Во Штип на две локации во реката Брегалница беше положен светиот крст
-

Група од неколку лица со тврди предмети физички нападнале малолетник и снимале со мобилен телефон
-

Приведен 26-годишен кумановец, од седум патнички моторни возила одзел повеќе предмети
