Нова програма за поддршка на стартап фирми
Во Македонија почна реализацијата на програмата Investment Ready Program на ХАБ Скопје со поддршка на Импакт ХАБ Виена и Австриската агенција за развој.
Програма првпат се одржува во Македонија и е составена од три eднодневни работилници за стартапи.
Преку работилниците, социјалните претприемачи можат да влезат во Investment Ready Program-от и да добијат шанса за презентација на својот стартап и потенцијална инвестиција. Фокусот на програмата е да се создаде примамлива можност за странските инвеститори. Зависно од потребите на стартапот, преку програмата се поврзуваат стартапите со соодветен фонд или инвеститор. Оваа програма е идеална можност за сите стартапи кои сакаат пробив кон странскиот пазар.
На првата работилница одржана вчера со целодневна сесија, регрутирани се три стартапи. Тие ќе патуваат во Виена на 15 ноември и ќе станат дел од процесот на менторирање во рамки на програмата на Импакт ХАБ Виена. Процесот е предвидено да трае три до шест месеци.
Ново на Сител
-
Се намалува старосната граница на мозочни удари
-
Кочани е прва општина во државата со паметно улично осветлување
-
Преглед на вестите од светот
-
Телефонски разговор Мицкоски - Борисов
-
Тема на денот со Антонио Милошоски
-
Преглед на вести од светот
-
Ахмети му пиша на Мицкоски: Ситуацијата е сериозна
-
Борисов победник на изборите во Бугарија – Неизвесно формирањето на нова Влада