Нова пречистителна станица за комунални отпадни води во село Црник

Пехчево најави изградба на пречистителна станица за комунални отпадни води во селото Црник, со што ќе се реши проблемот со отпадните води на околу 1000 жители и ќе се заштити од загадување Црничка Река, како и подземните води во поширокиот регион.
Градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, истакна дека со подготвителните работи за проектирање на трасата и пробивање пристапен пат, започнаа да течат активностите, а оваа недела и официјално ќе започне изградбата на пречистителната станица за комунални отпадни води.
- Со овој проект покажуваме дека остануваме посветени на реализација на проектите кои ги ветивме на граѓаните. Изградбата на пречистителна станица за комунални отпадни води во с.Црник ќе придонесе жителите да живеат во здрава и чиста средина, превенираме заразни болести, ќе се прочистуваат водите и ќе има правилен третман на отпадните води. Сето ова треба да доведе до подобар квалитет на животот во ова село, рече Поповски.
Вредноста на проектот изнесува 1.764.307 денари, додека средствата се обезбедени преку Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Пехчево.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
