-->
-->
Нова полициска акција во северно Косово, откриено оружје
-->
Косовската полиција соопшти попладнево дека спроведува акција на северот од државата, населен со мнозинско српско население, при што извршила претрес на две места и пронашла оружје, јави дописникот на МИА од Приштина.
Заменик-директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека не може да соопшти други детали бидејќи „рацијата се уште не е завршена“.
Тој го потврди пронаоѓањето на оружје на локации во Северна Митровица, но рече дека за количината ќе има дополнително соопштение.
Полицијата и во четвртокот презеде акција на север, во селото Угљаре кај Зубин-Потоку, при што заплени рачни бомби и друго оружје. Во оваа рација е уапсено едно лице.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница