-->
-->
Нова победа на Вон
-->
Американката Линдзи Вон ја забележа втората победа во Кортина Д’Ампецо, во саботата победи во спуст трката, а во неделата славеше во супервелеслалом и ја презеде лидерската позиција во Светскиот куп.
Вон до 75-та победа во кариерата стигна со време 1:26.55 минути. Американката доминираше на патеката бидејќи само второпласираната Тина Вајрајтер од Лихтенштајн имаше заостанување помало од една секунда.
Вајрајтер заостана за 69 стотинки, додека третопласираната Викторија Рбенсбург од Германија задоцни за една секунда и 15 стотинки.
Вон со 900 бодови е лидерка во генералниот пласман, таа има 45 бодови повеќе од Швајцарката Лара Гут, која трката во Кортина ја заврши на петтата позиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина