Кошарка
11. August 2015 - 11:26

Нова контрола за Македонија против Израел

Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува контролните натпревари во рамките на подготовките за претстојното Европско првенство. Попладнево во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ противник ќе биде селекцијата на Израел. Со оваа селекција Македонија веќе одигра еден натпревар во петокот во Охрид и оствари победа од 75:58.
Влезниците за дуелот се по цена од 100 денари и може да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс, на билетарата во салата, но и на бензиснките пумпи на Окта, каде ќе може да се купат алки, со кои ќе бидете дел од кампањата „Шанса за живот“. Секој што ќе донира и ќе ја покаже алката на влезот на салата, ќе има можност бесплатно да го проследи пријателскиот натпревар Македонија – Израел. 
Серијата контролни дуели нашата најдобра селекција ја продолжува во петок кога во Гевгелија ќе гостува селекцијата на Венецуела.