Косово од денеска целосно го укинува динарот, граѓаните добија време за приспособување
Косовските власти потврдија дека од денеска ќе почне да се применува регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува плаќања во готовина и платежни трансакции исклучиво во евра, со преоден период за граѓаните да се приспособат на регулативата.
Според претходното соопштение на ЦБК, единствена дозволена валута на Косово ќе биде еврото, кое го исклучува динарот од платежните трансакции.
Практично, оваа одлука значи забрана за употреба на динарот, официјалната валута на Србија, која досега се користеше во сите мнозински српски општини на Косово.
Платниот систем на Србија продолжи да функционира во Косово дури и по војната во 1999 година во областите населени со мнозинство Срби, а динарите се во оптек преку Трезорот на Србија во продавници, српските институции, угостителството и другите приватни услужни дејности.
Во меѓувреме, Белград ги обвини властите во Приштина дека со оваа одлука се обидуваат да го откажат дијалогот и да го протераат српскиот народ од Косово, а српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека е убеден дека меѓународната заедница нема да го дозволи тоа.
Тој побара од Европската унија и меѓународната заедница да извршат притисок врз Приштина да ја повлече одлуката, а во меѓувреме, синоќа се сретна со амбасадорите на земјите од Квинтата – САД, Велика Британија, Италија, Германија и Франција. Но, по таа средба беше објавено дека „нема да има никакво соопштение“.
Вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими, пред тој состанок потврди дека примената на одлуката на ЦБК ќе почне денеска на 1 февруари и оти никој, па ни меѓународните партнери на Косово, не ја доведуваат во прашање законитоста на таа одлука.
Ново на Сител
-
Во Албанија уапсен водач на картел по запленување на над 700 килограми хероин во пратка сапуни
-
Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд
-
Патријарх Кирил до Русите: Не плашете се од нуклеарно оружје и крајот на светот
-
Израелската армија потврди дека утрината извршила напад во јужен Либан
-
Христодулидис: Кога сè ќе биде на свое место, Република Кипар да може да стане членка на НАТО
-
Митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј испратен до неговото вечно почивалиште на Плаошник
-
Во близина на карбинското село Радање откриена ѕидана гробница од крајот на вториот и почетокот на третиот век
-
Гаши: Собранието е подготвено за донесување на уставните измени, доколку има политички договор