Нова Каледонија по трет пат и последен пат излегува на референдум за независност од Франција
Нова Каледонија денеска по трет и последен пат излегува на референдум за изгласување независност од Франција, по кампањата што беше обележана со барањата на заговорниците на независноста до француските судови да го одложат гласањето поради пандемијата на Ковид-19, што би го загрозило слободното изразување.
На Нова Каледонија, која се наоѓа на приближно 2.000 километри источно од Австралија, со договор од 1988 година ѝ беше дозволено да одржи три референдуми за независност за да ги намали тензиите во архипелагот на Пацификот.
Откако на референдумите во 2018 и 2020 година беше отфрлена опцијата за отцепување од поранешните колонијални владетели, 185.000 гласачи денеска повторно ќе бидат прашани „Дали сакате Нова Каледонија да добие целосен суверенитет и да стане независна?“
Во заднината на гласањето се сè позаладените односи меѓу Париз и неговите сојузници во регионот.
Французите им се лути на Австралијанците заради откажувањето на договорот за купување подморница, откако во септември тие склучија безбедносен пакт со Велика Британија и САД.
Зад овие спорови, расте улогата на Кина во регионот, а експертите сметаат дека независна Нова Каледонија би можела да биде предмет на влијание на Пекинг, а мотивација за тоа е интересот на Кина за нивната рударска индустрија. Кина досега беше најголемиот увозник на новокаледонски металуршки производи, особено на никел.
Ново на Сител
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци
-
Преглед на вестите од светот
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска