-->
-->
Нова инвестиција во рудникот „Саса“ од областа на екологијата
-->

Рудникот за олово и цинк „Саса“ ја стави во употреба новата бетонска база. Инвестицијата вредна 100.000 евра е во рамки на еколошката програма за намалување на влијанијата врз животната средина, но ќе ја зголеми и бебзедноста на рударите.
- Изградивме нова бетонска база, бидејќи старата не беше безбедна од аспект на влијание на животната средина и во случај на евентуална хаварија, а исто така новата база многу одговара на современите безбедносни барања во врска со индивудуалната заштита. Одредивме локација која спречува директен допир и испуст на штетни материи, бидејќи се наоѓа на старото јаловиште. Новата база е изградена по современи стандарди и на соодветна локација која одговара на сите еколошки стандарди, истакна директорот на инвестици и развој во РОЦ „Саса“ Максим Прохоров.
Во рудникот Саса заради зголемена безбедност во ходниците се користи прскан бетон со кој се заменува поранешната подградба на ходниците од дрво.
– Прсканиот бетон е побезбедна, пософистицирана технологија, но и побрз начин, поефикасен за подградба на рударските ходници и обебзбедува поголема безбедност по ходиниците, каде што се движат рударите и машините, рече Прохоров.
Саса се подготвува за изградба на ново јаловиште, инвестиција вредна шест милиони евра. Јаловиштето е со површина од 111.500 метри квадратни и во него годишно ќе се депонираат 376.000 метри кубни јаловина.
- Во тек е постапката за вадење дозволи и паралелно почнуваме со изградба на помошни објекти. Јаловиштето се планира да биде низводно од старото, а според планот неговото користење ќе почне од 2018 година и ќе трае до 2024, рече инженерот по екологија во РОЦ „Саса“, Марија Стојановска.
Новото јаловиште, додаде, е согласно најдобрите достапни технологии за одлагање на неизбежниот отпад, јаловината од целокупниот производствен процес, почитување на законската регулатива и заштита на животната околина и населението.
„Саса“ за 10 години во еколошки проекти инвестирала 20 милиони евра. - Без овие инвестиции не би можеле да добиеме А- интегрирана еколошка дозвола и не би смееле да работиме повеќе. Како општествено одговорно претрпијатие во рамките на своите активности за зачувување на животната средина, ги остваруваме тие инвестиции кои ни дозволуваат да имаме сигурна иднина. Како дел од таквите инвестиции е сегашното јаловиште, но и новото јаловиште со што ќе придонесеме за намалување на влијанијата врз животната средина од рудникот, рече Прохров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
