Нова инвестиција во општина Илинден, ќе бидат отворени 80 работни места
Нови 80 работни места ќе се отворат со новата инвестиција на компанијата „Еко Клуб“ која денеска го постави камен темелникот на првиот логистички центар за унгарски производи во локалната економска зона во Илинден.
Инвестицијата изнесува 1,5 милиони евра, а деловниот објект ќе се протега на површина од 8.700 метри и во него ќе се складираат унгарските производи коишто од Македонија ќе се транспортираат во околните земји.
Камен-темелникот беше поставен во присуство на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, унгарскиот амбасадор Јозеф Бенце и сопственикот на компанијата „Еко Клуб“, Сашо Јанакиевски.
Градоначалникот Стојановски изрази задоволство што со несмалено темпо продолжува инвестицискиот циклус во општината, поточно што во деветте локални економски зони секојдневно се отвораат нови погони кои овозможуваат отворање на нови работни места.
Стојановски додаде дека општината нуди низа поволности за инвеститорите со цел да се привлечат што поголем број компании и да се отвораат нови работни места за граѓаните.
- Општина Илинден и натаму останува максимално посветена на предизвикот кон инвестициите, на поддршката на инвеститорите и намалувањето на стапката на невработеност која во моментот во Општината е под 10 проценти, подвлече Стојановски.
Унгарскиот амбасадор оцени дека од година во година се повеќе се зголемува трговската соработка меѓу Македонија и Унгарија.
- Пред две години за првпат отворивме претставништво на Унгарската трговска комора за Западен Балкан, што придонесе за нагло зголемување на обемот на размена меѓу нашите земји. Благодарејќи на ова и на успешно реализираните бизнис форуми во повеќе градови во Македонија, во 2014 година постигнавме најголем обем на размена дотогаш. Оваа размена во 2015 година ја зголемивме за уште 36 проценти, а годинава за нови седум проценти, истакна амбасадорт Бенце.
Според најавите на инвеститорот, логистичкиот центар за унгарски производи се очекува да почне со работа во втората половина на следната година.
Ново на Сител
-
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет
-
Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат
-
Шпанските обвинители започнаа истрага за смртта на околу 4.500 Шпанци во нацистичките логори на смртта
-
Нетанјаху: Новата офанзива во Газа ќе биде жестока и долгорочна
-
МОН: Стипендии за поттикнување средношколци да се запишуваат на студиски програми по македонски јазик
-
Вучиќ се враќа во среда на своите работни обврски
-
Агелер со честитка за Денот на македонскиот јазик
-
Кривична против двајца поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба