Нова инвестиција и вработувања најавува британската SoPro која работи во Македонија
Дополнителна инвестиција од четири милиони американски долари и нови 30 работни места во Македонија најавува британската агенција за дигитален маркетинг СоПро, која во земјата работи веќе две години.
Соопштуваат дека со тоа компанијата ќе го зголеми бројот на вработени на шеесеттина. Изразуваат задоволство од бизнис климата во Македонија и најавуваат дека поради зголемување на бројот на клиенти и работа ќе се селат во нови простории.
- Екипирањето со нов стручен кадар е резултат на зголемување на бројот на клиенти и работа и ќе се случува етапно во следните 12-18 месеци, наведуваат во соопштението.
Според ко-основачот и сопственик на СоПро, Рајан Велманс, одлуката да инвестираат во Македонија се темели на позитивните искуства од досегашните активности постигнати преку подружниците во Велика Британија, САД, Африка, Европа и Индија и ја одразува довербата што СоПро ја ужива во регионот:
- Во Македонија наидовме на млад, енергичен и технички одлично поткован кадар. Скопје е прекрасен град со богатата култура, која во комбинација со европските вредности и сличната временска зона, го прави уште поблизок со нас. Оваа инвестиција ги поддржува нашите амбициозни планови за развој и очекуваме континуиран успех во Македонија, вели Велманс.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари