Живот
3. January 2019 - 11:35

Нова година им се претвори во пекол: Дете (11) почина на трпезата поради нешто што го зготви мајката

Дете од Бруклин почина на новогодишната трпеза откако добило алергиски напад. Обдукцијата покажала дека го убила пареате од тенџерето во кое неговата мајка готвела риба.

Итната помош дошла на повик на загриженото семејство, а детето го нашле без свест и му немало спас.

Веднаш е префрлено во болница на обдукција, а лекарите утврдиле дека починал од алергија при вдишување на пареата од тенџерето кое стоело на масата и од кое требало да јадат.

Семејството не знаело дека детето е алергично на риба, зошто претходно не покажувало никакви алергиски реакции.

Инаку, една од осумте најсмртоносни алергии на храна во САД е токму онаа предизвикана од варена риба.