-->
-->
Нова финансиска помош од МОК за каратистите и одбојкарите
-->
Македонскиот олимписки комитет обезбеди нова финансиска поддршка за Карате федерацијата на Македонија (КФМ) и Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).
Станува бор за финансиска поддршка пд 20,000 долари, средства кои за каратистите и одбојкарите ќе ги користат со конкретна намена за подготовки и учество на Европските првенства во претстојната 2017 година.
Овие финансиски средства ОФМ ќе ги искористи за покривање на трошоците поврзани со квалификациите за учество на ЕП 2017, додека КФМ овие финансии ќе ги искористи за подготовки и учество на нашите најдобри каратисти на Европското првенство кое ќе се одржи во Истанбул, во мај 2017 година.
Воедно, Македонскиот олимписки комитет за потребите на Олимписките спортски организации во Република Македонија, во соработка со поранешниот Директор за стратешки прашања и обука на тренери на Американскиот олимписки комитет, д-р Питер Дејвис организира обука за изработка на стратегии за развој на Националните спортски федерации од Македонија.
Главен заклучок е дека без план и посебно без стратегија, не е можно да се постигнат високи спортски резултати.
Оваа активност односно консултантска услуга која ја дава МОК на спортскиот систем во Македонија е високо ценета и поддржана од страна на Националните спортски федерации од Македонија како и од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), кој овој модел на работа го предлага и на другите спортски системи кои целат кон врвен успех во спортот, како единствен вистински модел на работа на независниот и автономен Олимписки и спортски систем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОАЕ се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, температурите достигнуваат 51,8 степени
-
Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти
-
САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма
-
Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер
-
Најчестите знаци на анксиозност кај децата
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени