Нова дива депонија на патот од Тетово кон Фалише
Група граѓани кои имаат домови и фирми долж патот од Тетово кон Фалише реагираат дека се создава нова дива депонија. Поради складираниот смет на една оградена локација тие половина час го блокираа сообраќајот.
– Штетно е по здравје да имаш толку многу смет. Има многу погони и населба со нови куќи. Миризбата и чадот не дозволуваат нормално да се живее. Тука има над 10 погони со околу 200 лица кои работат, рекоа граѓаните.
– Да се отстрани сметот од овде итно, зошто е без наша согласност. Ние тука инвестираме многу пари, а од општината добиваме смет во соседството, рекоа стопанствениците.
Од јавното комунално претријатие Тетово соопштија дека ова место е за товарење како привремена мерка. Според нив нема да нема мирис таму бидејќи отпадот не се остава повеќе од 7 часа, по што се носи во депонијата Дрисла.
Огромните количини смет деновиве има и на претоварната станица на ЈКП Тетово што се наоѓа кон селото Требош.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
-
Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не
-
Дезинсекција против комарци – каква е ефикасноста, колку често треба да се врши и зошто е важна?
-
Ангелов: И денеска најкритично е на Јасен и кај Јегуновце
-
Пазарите преплавени со фалсификуван мед
-
Расте бројот на децата со оштетен вид поради користење на мобилни и таблети
-
ВМРО-ДПМНЕ: Партискиот интерес над државниот, Фрчкоски од Еразмус+ преку Заев и Димова добил 200 илјади евра