Нова демократија со привремен лидер
Грчката опозициска Нова демократија од вчера има привремен лидер, во време кога партијата се обидува да го надмине срамот со кој се соочи по неуспехот да одржи избори за лидер и се подготвува за нови партиски избори кои најверојатно ќе се одржат на 13 декември.
Евангелос Меимаракис вчера поднесе оставка од функцијата претседател на партијата и го именува Јанис Плакиотакис, секретар на парламентарната група на Нова демократија, за привремен шеф на конзервативците, додека не се избере нов лидер.
- Им служев на принципите и единството на партијата и секогаш бев нејзин верен војник. Со оглед на тоа што ме напаѓаат, често вулгарно, и поради напнатоста што е создадена, одлучив да го назначам Јанис Плакиотакис во обид да се смири ситуацијата, изјави Меимаракис и додаде дека ќе продолжи да води предизборна кампања за претседател на партијата.
Ниту еден од другите тројца кандидати за лидер на конзервативците, Адонис Георгиадис, Киријакос Мицотакис и Апостолос Ѕиѕикостас не се противеа Плакиотакис, пратеник од Крит, да биде привремен лидер, иако според статутот на Нова демократија, лидер на партијата во вакви околности треба да биде секретарот на партијата.
Сепак, секретарот на Нова демократија, Андреас Папамимикос е во центарот на контроверзиите што се појавија околу софтверската грешка во неделата, поради која конзервативците не можеа да изберат лидер. Папамимикос во вторникот соопшти дека дава отказ како шеф на изборната комисија, која е одговорна за договорот со ИТ фирма која не ги изврши своите обврски за гласањето во неделата.
Плакиотакис бил поздравен со аплауз на синоќешниот состанокот на парламентарната група на Нова демократија, на кој апелирал на смиреност во партијата.
- Во овој клучен момент треба да надвладее разумот. Ги повикувам сите, особено четворицата кандидати, да ги смират работите, со цел партијата да излезе од овој ќорсокак, рекол привремениот лидер.
Претходните двајца лидери на конзервативците, Андонис Самарас и Костас Караманлис не присуствувале на синоќешниот состанок.
Ново на Сител
-
Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални прашања
-
Приведен 29 годишен кавадарчанец, управувал возило со 2.67 промили алкохол во крвта
-
Приведен 31-годишник од Куманово, предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“
-
Приведен 25-годишник од Кавадарци, возел со 217 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо
-
Два турски Ф-16 прелетале меѓу грчките острови Родос и Кастелоризо
-
Поранешниот директоро на АНБ, Виктор Димовски, тврди дека Мицкоски не бил следен и прислушуван во негово време
-
Романските власти предупредија дека е можно објекти да паднат од воздух поради руски напад врз Украина