Нова демократија победи во првиот круг од локалните избори во Грција
Според досегашните резултати од гласањето, владејачката конзервативна партија Нова демократија победи во првиот круг од локалните избори.
Мал одѕив на гласачите е забележан во главниот град Атина.
Конечните резултати се очекуваат во раните утрински часови.
Статистиката на досега преброените гласови речиси ги потврдува предвидените резултати со апсолутна супериорност на кандидатите поддржани од владејачката Нова демократија.
Во 9 од 13 области, конзервативците победија во првиот круг. Претходниот градоначалник на Солун не успеа да ги добие потребните 43 отсто и оди во втор круг.
„Граѓаните ја потврдија својата доверба во НД и нејзините избори“, нагласи грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис.
„Владата си ја продолжува работата нормално, следната недела ќе се бориме во вториот круг за оние кандидати кои не биле избрани од првата недела“, рече тој, пренесе „Катимерини“.
Фаворити за градоначалник на Атина и Атика повторно се кандидатите на конзервативците.
Импресивен е успехот на градоначалникот на градот Волос, кој за време на поплавите жестоко ја критикуваше власта, а денеска уште еднаш ја освои градоначалничката функција со 55 отсто од гласовите.
Просечниот одѕив на гласачите во земјата е 45 отсто.
Ново на Сител
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење