Нова демократија бара Ципрас да одговори дали и понатаму се разговара за Илинденска Македонија
Молкот од гршкиот премиер Алексис Ципрас за „Илинденска Македонија“ создава загриженост кај Грците во однос на тоа дали предлогот е сѐ уште на преговарачката маса, смета потпретседателот на грчката опозициска партија, Нова демократија Костис Хаѕидакис.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Хаѕидакис вели дека партијата, преку нејзиниот претседател Мицотакис, вчера два пати од грчкиот парламент „побара од премиерот да разјасни дали продолжува да разговара за името Илинденска Македонија“.
- Ципрас два пати се направи дека не го слушна. Неговиот молк на Грците им создава оправдана загриженост дека овој неприфатлив предлог, што е олицетворение на скопскиот иредентизам, уште се наоѓа на преговарачката маса. Господинот Ципрас треба денес и јасно да одговори на прашањето на Нова демократија, вели Хаѕидакис во неговата изјава.
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември