Нова цена на бензинот и дизелот
Со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика, донесена на крајот на мај, бензинитепоскапеа за денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари.
Цената на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64 денари, а 66 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) чини 50,50 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,130 денари по килограм и изнесува 26,382 денара.
Малопродажните цени на нафтените деривати, согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 2,91 процент.
Најновите ценовни движења на суровата нафта најавуваат значително намалување на нејзината малопродажна цена во Македонија од следниот понеделник.
Денес, барел сурова нафта на берзата во Лондон се тргуваше за 49,9 долари што всушност претставува раст на цената од 0,1% во однос на претходниот ден.
Меѓутоа, оваа цена се наоѓа се уште под нивото на цената врз основа на која РКЕ ги формираше малопродажните цени во Македонија на 29-ти минатиот месец.
Тогаш, РКЕ пресмета средна цена од 52,3 долари за барел што е скоро 2,5 долари повеќе во однос на тековната цена.
Во тој случај, доколку нема некои посериозни шокови на пазарот денес или утре, од понеделник може да очекуваме дека регулаторот ќе ги намали цените за неколку денари.
Ново на Сител
-
Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
-
Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати
-
Италија ќе започне со воздушна испорака на помош за Газа од 9 август
-
Во ИЈЗ воведена втора смена на микробиолошката лабораторија и други новини во интерес на граѓаните
-
Двајца браќа го попречиле патот на комбе во кое се превезувало семејство - им го скршиле стаклото и ги нападнале
-
Обвинение за бесправно градење во Битола
-
Зеленски: Украина е подготвена за мировен самит доколку Русија покаже сериозност и волја
-
Косово ги укина царините за стоки од САД