Нова блокада на обвинителството во Нови Сад, туркање меѓу припадници на опозицијата и полицијата
Републичките и покраинските пратеници и советниците на опозициските партии во градското собрание втор ден по ред ја блокираат зградата на судот и обвинителството во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.
Утринава нив пред обвинителството ги пречекаа силни полициски сили. Набргу по почетокот на блокадата почна интензивно туркање со припадниците на полицијата кои ги предупредија пратениците дека ќе употребат сила доколку не се тргнат и го ослободат пристапот до судот.
Пратениците во репбличкото собрание, Срѓан Миливојевиќ, Радомир Лазовиќ и Павле Грбовиќ, успеаја да влезат во зградата на судот, а полицијата потоа застана на вратата. Во тоа кошкање со полицијата Радомир Лазовиќ се онесвести, а Миливојевиќ му укажа помош.
Во меѓувреме реагираше и министерката за правда Маја Поповиќ, која блокадата ја оцени како „невиден притисок врз судството во историјата на Србија“.
Пратениците на опозицијата бараат Вишото јавно обвинителство да соопшти кои се осомничените за пропустите кои доведоа до пад на настрешницата и смртта на 15 лица, како судот да одлучува по жалбите на лицата кои се приведени од апсењето по протестот на 5 ноември.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија
-
Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител
-
Брзото возење главна причина за сообраќајните несреќи во Југоистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата