Нова апликација Македоника за бесплатно читање е-книги
Македоника (www.makedonika.mk) ја лансираше новата апликација наменета за читање е-книги на сите Andoid уреди.
Од Фондацијата Македоника информираат дека станува збор за комплетно нова апликација што се развивала 11 месеци со цел да биде една од најдобрите во светот. Новата верзија е многу побрза, постабилна, поинтуитивна, со поквалитетен приказ на книгите и работи на сите таблети и смартфони со android оперативен систем. Во соработка со Google, била тестирана на повеќе од 9.000 различни уреди.
Со новата апликација можат да се „читаат” и сликовници, со што Македоника е единствен е-читач од таков вид во светот.
Базата на Македоника ја сочинуваат 36.000 регистрирани читатели на книги и преку 600 објавени бесплатни е-книги од сите жанрови и категории.
Ново на Сител
-
Во Берово и Тетово измерени - 3, во Виница и Крушево 3 степени Целзиусови
-
Зеленски во Брисел разговараше со Макрон за распоредувањето војници во Украина
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Брисел
-
Презентација на предлог за олеснување на плаќањето за јавен превоз за студентите
-
Министерката Јаневска и амбасадорката Улман ќе ја посетат компанијата „Ронтис“ во Велес
-
Украина, Блискиот Исток, глобалната улога на ЕУ и миграцијата главни теми на декемврискиот Самит на Унијата
-
Годишна прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин