Нова американска инвестиција во Кривогаштани, најавени 300 вработувања
Нова американска браунфилд инвестиција од областа на медицинската индустрија во општина Кривогаштани беше најавена денеска. Ќе бидат инвестирани осум милиони евра и ќе бидат отворени 300 нови работни места за граѓаните од оваа општина и Пелагонискиот регион.
- Веќе е донесена одлука, купена е опрема за отворање на нова фабрика во делот на медицинската индустрија. Се работи за американска инвестиција коишто веќе изнајдоа објект, го реновираат и адаптираат, ги набавуваат потребните дозволи и очекувањата се дека најдоцна за два месеца, а можеби и порано, ќе започне со работа. Ќе вработат околу 300 луѓе, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на посетата на селото Волково во општина Ѓорче Петров.
Според него, бројот на странските инвестиции ќе беше поголем доколку немаше политичка криза, но и покрај тоа напорите на владините институции во однос на привлекувањето на странските инвестиции се уште даваат ефект.
Неодамна исто така беше најавена инвестиција во Желино со потенцијални 350 вработувања и уште една во Скопје во поранешната фабрика ОХИД со 200 вработувања.
Во овие три новонајавени инвестиции за земјата ќе бидат вработени околу 850 луѓе.
- Ќе бидат отворени нови 850 работни места во услови на тешка криза, во услови кога СДСМ сака во секој поглед да ја закочи и да ја ослабне државата за да ја оствари крајната цел на целата оваа криза, а тоа е промена на уставното име по терк на нашиот јужен сосед, преуредување на државата како што некој друг замислил, истакна Груевски.
Ново на Сител
-
53-годишен кавадарчанец бил удрен од возило во неговиот двор
-
На ГП „Табановце“ приведен 21-годишник од Австрија, при гранични проверки најдена е дрога
-
Приведен 30-годишен охриѓанец, управувал возило со 1,62% промили алкохол во крвта
-
Приведен 30-годишник, возел со 125 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Собранието почнува со редовни активности по одморот на пратениците
-
Северна Кореја тестираше нови ракети
-
На граничните премини се чека до 15 минути за влез и излез од државава
-
Палестински очевидци тврдат дека израелски војници се забележани во градот Газа