Македонија
16. November 2016 - 10:00

Нов земјотрес утрово ја стресе Македонија

Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран на територијата на Македонија, во близина на границата со Грција.

Земјотресот е почувствуван во 8.38 часот утринава со епицентар на 19 километри јужно од Стар Дојран во Македонија и на 154 километри југоисточно од Скопје, со длабочина од 10 километри. Нема податоци за материјална штета.

Повеќе земјотреси утрово имало во Турција и Грција.