Нов Зеланд се подготвува за целосно укинување на пушењето цигари
Парламентот на Нов Зеланд денеска усвои единствен закон за постепено укинување на пушењето цигари, со воведување забрана за младите да ги купуваат.
Според законот, цигарите не смеат да се продаваат на луѓе родени на или по 1 јануари 2009 година. Со новиот закон се намалува и бројот на продавници за тутун, од околу 6.000, на само 600, а се намалува и дозволената количина на никотин во тутунот што се пуши.
– Нема добра причина да се дозволи да се продава производ што убива половина од луѓето што го користат, изјави помошник-министерката за здравство Ајеша Верал пред пратениците во Парламентот.
Таа рече дека здравствениот систем ќе заштеди милијарди долари со тоа што нема да лекува болести поврзани со пушењето како што се ракот, срцевите удари, мозочните удари и ампутациите. Таа рече дека законот ќе доведе до промена на генерациите и ќе остави во наследство подобро здравје за младите.
Нов Зеланд веќе ја ограничува продажбата на цигари на лица над 18 години, бара на кутиите цигари да има графички здравствени предупредувања и да се продаваат во стандардизирани пакувања. Во последните години Нов Зеланд воведе серија големи даночни зголемувања на цигарите.
Ново на Сител
-
Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање
-
Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго
-
Хамилтон ги критикува перформансите и стратегијата на Ферари
-
Келн го отпушти тренерот пред можното враќање во Бундеслигата
-
Алкалоид ќе го пречека АЕК во „Борис Трајковски“
-
Дембеле се врати на тренинзи по повредата
-
НБА: Јута го продолжи договорот со тренерот Харди
-
Ф1: Алпин размислува за замена на возачите, Колапинто на местото на Дуан