Нов Зеланд се подготвува за целосно укинување на пушењето цигари
Парламентот на Нов Зеланд денеска усвои единствен закон за постепено укинување на пушењето цигари, со воведување забрана за младите да ги купуваат.
Според законот, цигарите не смеат да се продаваат на луѓе родени на или по 1 јануари 2009 година. Со новиот закон се намалува и бројот на продавници за тутун, од околу 6.000, на само 600, а се намалува и дозволената количина на никотин во тутунот што се пуши.
– Нема добра причина да се дозволи да се продава производ што убива половина од луѓето што го користат, изјави помошник-министерката за здравство Ајеша Верал пред пратениците во Парламентот.
Таа рече дека здравствениот систем ќе заштеди милијарди долари со тоа што нема да лекува болести поврзани со пушењето како што се ракот, срцевите удари, мозочните удари и ампутациите. Таа рече дека законот ќе доведе до промена на генерациите и ќе остави во наследство подобро здравје за младите.
Нов Зеланд веќе ја ограничува продажбата на цигари на лица над 18 години, бара на кутиите цигари да има графички здравствени предупредувања и да се продаваат во стандардизирани пакувања. Во последните години Нов Зеланд воведе серија големи даночни зголемувања на цигарите.
Ново на Сител
-
Во Ниш ќе се одбележи Денот на македонскиот јазик
-
Претреси во Кочани, пронајдена дрога, приведени пет лица
-
Телескопот „СФЕРЕКС“ на НАСА почна со целосно мапирање на небото
-
Истече дисквалификацијата на Синер
-
Лицата со дијабетес бараат инсулински пумпи за сите лица кои имаат дијабет тип 1
-
Минатата недела казнети 114 возачи кои непрописно ги паркирале возилата во општина Центар
-
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
-
Без струја ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Ѓорче Петров