Македонија
11. December 2025 - 16:41
Нов закон за судски совет
Првиот реформски закон од правосдуството влезе во собраниска процедура. Комисијата за политички систем денеска даде зелено светло за потребата за носење на нов закон за судски совет. Со него се предивидуваат засилени криетериуми за избор на член на советот, согласно оценска комисија на Европската Унија за работата на ова тело.
За да се биде дел од Судски совет од редот на судиите потребен ќе биде најмалку 10 годишен судски стаж. Челновите кои ќе ги избира Собранието пак, ќе треба да имаат најмалку 15 години правничко искуство по положен правосуден испит, од редот на унверзитетски професори, поранешни судии адвокати.
Законот се носи во редовна постапка и се очекува првата фаза да помине на собраниската седница до Нова Година.
-->
-->
