Нов вирус кој го пренесуваат комарци откриен во Франција, почина жена
Француски научници идентификуваа нов вирус користејќи ја истата техника што се користи за откривање на вирусот корона, но велат дека нема причина за загриженост дека новооткриениот вирус ќе предизвика здравствена криза слична на оваа предизвикана од вирусот корона.
Вирусот е откриен во болница недалеку од Париз, кај 58-годишна жена која починала од енцефалитис и го добил името „Кристоли“, по предградието на Париз каде што е идентификуван, јавува Франс 24.
Научниците велат дека е рано да се извлечат заклучоци за што е одговорен тој вирус бидејќи починатата имала неколку основни болести. Тие посочија оти засега е познат само еден случај и дека ако има и други случаи, во иднина ќе биде можно да се добие појасна слика за клиничката слика е поврзана со тој вирус.
„Во овој момент познат е само тој еден случај. Ако ги има повеќе во иднина, секако ќе имаме појасна претстава за тоа каква е клиничката слика поврзана со тој вирус“, вели професорот Жан Мишел Павлотски, шеф на медицинска биологија во болницата каде се лекувала заразената жена.
Тој појасни дека новиот вирус е од сојот ортобунџавируси, семејство патогени кои вообичаено ги шират комарците.
Вирусот има малку заедничко со причинителот на моменталната пандемија.
Ново на Сител
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
