-->
-->
Нов светски рекорд на Дибаба
-->
Атлетичарката од Етиопија Гензебе Дибаба, на меѓународниот митинг во шпанскиот град Сабадељ, го собори светскиот рекорд на 2.000 метри во сала.
Дибаба, рекородот го постави во вторникот вечерта, откако 2.000 метри претрчала за 5:23.75 минути, што е за речеси седум секинди побрзо до претходниот рекорд на Габриела Сабо поставен во 1998 година.
Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) светскиот рекорд на 2.000 метри во сала не го смета за официјален. Меѓутоа ИААФ наведува дека времето на Дибаба може да биде класифициран и како рекорд на отворено бидејќи е подобар резултат од рекородот на Соња О’Саливан (5:25.36 минути).
Дибаба е сопственичка на неколку светски рекорди: на 1.500 на отворено, односно на 1.500 метри, на една и две милји, на 3.000 и 5.000 метри во сала.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор