-->
-->
Нов систем за греење и ладење во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес
-->

Во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес денеска во спортската сала беше пуштен во употреба новиот систем за греење и ладење.
Во заедничкиот проект на Општина Велес и УСАИД вреден 26 илјади евра беше извршена и реконструкција на електричното осветлување во училиштето, заменети се сите прозори со нови ПВЦ, а извршена е и реконструкција на покривниот дел на училиштето.
Како што изјави за медиумите Славчо Чадиев градоначалник на Општина Велес, а кој денеска направи увид во реконструкцијата, со овој проект во многу се подобруваат и условите за изведување на наставата во ова велешко средно стручно електро - машинско училиште во кое учат ученици од поширокиот регион и други градови.
- Задоволен сум од реализацијата на целокупниот проект. Со него училиштето исполнува високи критериуми за настава и на тоа поле станува едно од водечките во земјава, потенцира Чадиев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УГД студенти со практична настава во локалната самоуправа
-

Општина Прилеп доби грант од 50.000 долари од УНДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
-

За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
