Нов силен тајфун се приближува кон Јапонија
Најмалку 198 летови од аеродромите во јужна Јапонија се откажани денеска во очекување на налетот на силниот тајфун Конгреј, што на кмерски јазик значи „Убаво девојче“.
Најголем дел од летовите се откажани од аеродромите на островот Окинава над кој се очекува да мине жариштето на тајфунот, кој потоа се предвидува да продолжи кон островот Кјушу и делови од Јужна Кореја и кинеското источно крајбрежје.
Конгреј е 25-от тајфун што се појави во источниот дел на Тихиот Океан оваа сезона.
Тој денеска се наоѓа јужно од Окинава и се движи кон североисток. Во моментов во неговото жариште дуваат ветрови со брзина од над 160 километри на час, со повремени удари што достигнуваат и до 210 километри на час.
Јапонија кон крајот на минатата недела ја погоди тајфунот Трами, при што загинаа четири лица, а околу 200 беа повредени.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети