Нов раст на референтната каматна стапка
Народната Банка по петти пат ја зголеми референтната камата, за да ја заузда инфлацијата. Комитетот одлучи основната камата на благајничките записи да биде повисока за 0,5 проценти поени и сега истата изнесува 3 отсто. За да се поттикне кредитирањето на проекти поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори, на седницата е одлучено да се намали задолжителната резерва која банките ја чуваат во Централната банка. Основата за издвојување задолжителна резерва во денари ќе биде намелена за износот на новоодобрени кредити за финансирање проекти поврзани со производство од обновливи извори. Народната банка соопшти дека просечната инфлација за периодот од јануари до август годинава изнесува 11,6%, причините се лоцираат во порастот на увозните цени на храната и енергијата, но и на домашната цена на електричната и топлинската енергија.
Нивниот раст преносно влијае на останатите производи и услуги, па Народната банка препорачува креирање на претпазливи домашни политики. Во изминатите неколку месеци кај цените на храната се забележани поизразени надолни приспособувања на светските берзи што во следниот период може да доведе до надолни приспособувања и кај домашните цени. Воедно надолни се и ревизиите и на очекувањата за раст кај дел од овие цени, сепак неизвесноста од идната динамика на цените напримарните производи на берзите особено енергенсите е нагласена поради воените случувања во Украина се наведува во соопштението од Народната банка.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, а четворица се повредени во руски напад во регионот на Киев
-
Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче
-
Прегазена 72-годишна жена во Прилеп
-
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-
Му дала 18.500 евра за да и ја направи куќата, останала и без пари и без куќа
-
Авион кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
-
174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
-
Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром