-->
-->
Нов пуч во Турција?! 7.000 специјалци...
-->

Околу 7.000 турски специјалци во оклопни возила ја опколиле воздухопловната база Инџирлик, која ја користат силите на НАТО и САД, јавија утринава локалните медиуми.
Турскиот министар за преговори со Европската Унија Омер Челик објасни дека се работи за „безбедносна проверка“, но се појавија и шпекулации за нов обид за пуч, по оној неуспешниот на 15. јули.
Турскиот весник Хуриет претходно објави дека полицијата во градот Адана, во чија близина се наоѓа Инџирлик, добила дојава за нов обид за пуч, по што таму веднаш се испратени специјални сили.
Влезот во базата е блокиран, а на фотографиите кои ги снимиле граѓаните се гледаат специјалци со автоматски пушки и водени топови, кои обично се користат за време на протести.
Челик на Твитер се обиде да ја смири јавноста, пишувајќи: „Направивме генерална безбедносна проверка. Се е во ред“.
Поддржувачите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наводно се собрале во близина на кордонот кој ја опкружува базата, наведува сајтот РТ, додавајќи дека собирањето сепак не е масовно, а ни напнато како што беше за време на неодамнешните протести во Адана, на кои демострантите бараа затварање на базата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
