Нов протест во Црна Гора со барање за оставка на Владата и Претседателот

Во Подгорица синоќа е одржан шестиот по ред граѓански протест „97.000: Спротивстави се“, на кој учествуваа повеќе илјади граѓани со барање за оставка на Владата и претседателот на државата.
Демонстрантите на Плоштадот на независноста извикуваа „Застанете со нас, оваа влада паѓа“, „Долу диктатор“ и слично. Тие бараат „ослободување на заробените институции“, како и оставки на претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Душко Марковиќ, челниците на правосудството, меѓу кои и Обвинителството и раководните луѓе во Радио-телевизија Црна Гора.
Собирот мина без инциденти, а организаторите ги повикаа граѓаните и на 30 март „без страв“ да излезат на протести.
Еден од организаторите, Славиша Грубиша, оцени дека опозициско единство и тесна соработка е неопходна во овој случај. – Не дели мал чекор од целта, со нас се синдикатите. Ова е протест на сите граѓани и сите се добредојдени, потенцира Грубиша.
Демонстрациите, оценети како најмасновни граѓански протести во Црна Гора, почнаа по објавувањето на аферата „Коверт“. Душко Кнежевиќ, бизнисмен близок до власта, кој пред истрагата на црногорското обвинителство побегна во Лондон, објави снимка на која на најблискиот соработник на Ѓукановиќ и поранешен градоначалник на Подгорица Славољуб Стијеповиќ, пред изборите во 2016 година му предава коверт со, како што вели, 97.500 евра. Стијеповиќ парите веднаш ги става во џеб. Оттогаш почна политичкиот потрес во Врна Гора, а бројката „97.000“ стана и официјален назив на група граѓани, кои под слоганот „Спротивстави се“ почнаа со улични протести. Под притисок на јавноста, Обвинителството го сослуша Стијеповиќ дури после седум дена, а после 20 беше осомничен за перење пари. Во меѓувреме, Кнежевиќ, јавно обвинувајќи се и сам себе, соопшти дека на сите избори богато ја финансирал Демократската партија на социјалисти на Ѓуканович, што е строго забрането. Тој го обвини и за низа други махинации.
Обвинителството одговори со покренување нови истраги против Кнежевиќ, додека воопшто не го сослуша Ѓукановиќ за аферата „Коверт“, бидејќи верувале оти тој не знаел за незаконското финансирање на партијата на чие чело се наоѓа. Ѓуканович ги отфрли обвиненијата, тврдејќи дека Кнежевиќ му се одмаздува бидејќи одбил да го заштити од истрагата на Обвинителството.
Ново на Сител
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
-

Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот
