Балкан
29. December 2016 - 11:01

Нов пресврт во грозоморното убиство

30-годишната Милица од Србија која глумеше жртва во приказната за убиството во вилата на Дејан Дејановиќ, всушност испадна главен виновник. Таа заработи 30-дневен притвор, откако полициската истрага покажа дека таа го усмртила сопственикот Дејан, и се обидела да го убие рецепционерот кој е во кома и сеуште се бори за живот.
 
Пресвртот во приказната со девојката која работеше како собарка во вилата, следи по направените ДНК анализи. Претходно таа го помина полиграфот, а и таа самата го пријави убиството.
 
Милица тогаш пред новинарите рече, едвај извлеков жива глава.