-->
-->
Нов пораз на Работнички на турнирот во Ботевград
-->

Екипата на Работнички го претрпе и вториот пораз на меѓународниот турнир во Бoтевград, Бугарија.
Откако на првиот натпревар Работникки загуби од српскиот прволигаш Динамик (91-90), во вториот, избраниците на Марин Докузовски се поразени од екипата на Академик Бултекс 85:76 (по четвртини 20-21, 27-26, 16-20, 22-9).
Откако првото полувреме заврши нерешено 47-47, тимот на Докузовски не успеа да ја задржи предноста од осум поени (60-52) која ја оствари пред крајот на третата четвртина. Напротив, лошата игра во нападот во последните 10 минути, во кои кошаркарите на Работнички постигнаа само 9, а противникот 22 поени се покажаа како решавачки за конечниот исход.
Најефикасен во тимот од „Градски парк“, беше Гинјард со 17 поени, додека Чавдар Костов постигна 14 поени.
Турнирот го освои организаторот Балкан кој во финалето беше подобар од Динамик со 88:66.
За Работнички ова беше последна контрола пред настапот на европската сцена, односно двомечот во ФИБА Еврокупот против рускиот тим Парма. Првата средба Работнички ќе ја игра на гостински терен во Перм на 21 септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ со првомајски протест
-

Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа
-

Преглед на вестите од светот
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
