Кошарка
19. November 2015 - 11:17

Нов пораз на Куманово од Турк Телеком во ФИБА Еврокупот

Македонскиот вицешампион Куманово го претрпе и третиот пораз во  кошаркарскиот ФИБА Еврокуп.
 
Во мечот од 4.коло на групата „Ј’’, одигран синоќа пред својата публика Куманово загуби од турскиот претставник Турк Телеком со 75:84. 
 
На кумановската екипа не му помогна ниту дабл-дабл учинокот на Урош Луковиќ кој средбата ја заврши со 22 поени и 16 скока, како и шесте „тројки„ и 18 поени на Александар Костоски. Исто толку за Турк телеком постигна Џенкинс, а Куртоглу беше стрелец на 13 поени.
 
Со оваа победа турската екипа се зацврсти на врвот на табелата, а воедно го осигура и своето место во следната фаза. 
 
Куманово сега е трет, но и сеуште со шанси за  пласман понатаму, за што на сино-белите им се потребни победи на двата преостанати меча. 
 
Вчера, во првиот меч од оваа група, полскиот претставник Роса Радом ја победи екипата на КТП Баскет од Финска убедливо со 95–48. 
 
Табела: Турк Телеком 4/0 (победи/порази), Роса Радом 3/1, Куманово 1/3 и КТП Баскет 0/4.