-->
-->
Нов, петти пораз на Вардар во Лига Европа
-->
Македонскиот шампион Вардар го претрпе и петтиот пораз во групната фаза во Лига Европа. Последна шанса за позитивен резултат вардарци ќе имаат против Розенборг на домашен терен
Вардар загуби минимално со 2:1 на гостувањето кај Зенит во натпреварот од претпоследното 5.коло од групата Л. Ова е вкупно петти пораз за „црвено-црните“ во групата, но изразен е со најмала разлика во однос на досегашните резултати.
Зенит имаше водство во првото полувреме со 2:0 со головите на Дмитри Полоз во 16-тата и Емилиано Рогони во 43.минута, а благодарение на голманот Гачевски кој во 27.минута одбрани пенал, разликата не беше и поголема.
Во вториот дел „вардарци“ во 72. минута се заканија преку Џамбул Џигаури, но неговиот удар го одбрани домашниот голман. Затоа пак во третата минута од судиското дополнение Дејан Блажевски постигна прекрасен гол, по корнерот што го изведе Хуан Фелипе.
На вториот дуел од групата Реал Сосиедад го совлада Розенборг на гости со 1:0. Со оваа победа шпанскиот тим дефинитивно му се приклучи на Зенит во нокаутфазата.
Вардар во последното коло на 7.декември е домаќин на норвешката екипа Розенборг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад во МЖСПП
-
Дрисла чади 4 ден, надлежните утре влегуваат со нова механизација
-
Партиите ги финализираат списоците со кандидати за градоначалници и советници - утре на полноќ истекува рокот за поднесување
-
Предизборни пратенички прашања: АНБ, провокации за името, партиски трансакции
-
Онкологија 2: Нино Васев и Ненад Нухи не чувствуваат вина за кривичните дела за кои ги товари обвинителството
-
ОЈО - Штип со детали за тешката сообраќајна несреќа со кобни последици
-
Со зголемени казни пониски цени - Владата најави измени во Законот на нефер трговски практики