Нов начин за забава на Грците
Пандемијата на Ковид-19, донесе и нов начин за забава на Грците – настани на отворено што се следат од автомобили.
Киносалите се затворени, а од вчера вратите ги отворија само летните кина, додека пак за одржување концерти или пак отворање на ноќните клубови за жива музика е се уште рано, па така неколку атински општини веќе најдоа алтернативни решенија – концерти и проекции на филмови што се следат од возило, јави дописничката на МИА од Атина.
Првиот концерт ваков концерт ќе се одржи вечерва. Популарната грчка пејачка Натаса Теодориду, ќе настапи на општинскиот стадион во една атинска населба, а според медиумите, за 400 места за автомобили, биле пријавени над 2.100 лица.
Концертот ќе биде бесплатен, пејачката ќе пее без надомест, а посетителите можат да донесат храна и лекови наменети за социјалните структури на општината.
За љубителите на филмот, кино на отворено од автомобил, организираат општина од западниот дел на Атина, но и атинско радио.
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата