Loading Video...
Фудбал
26. January 2020 - 15:55

Нов „кикс„ на Интер, само бод против Каљари

И трет натпревар во низа екипата на Интер одигра нерешено 1:1. Во рамките на 21.коло на Серија А, фудбалерите на Интер пред својата публика одиграа 1:1 во дуелот против Каљари. 
 
 
Иако „неро азурите“ имаа предност од 29-минута со голот на Лаутаро Мартинез и уште неколку шанси за втор гол, сепак на крајот мораа да се задоволат со само еден освоен бод. 
 
А, за тоа се погрижи екс-играчот на Интер Раџа Наинголан кој со погодокот во 78.минута го израмни на 1:1 што беше и конечен резултат на мечот. 
 
Сега Интер кој е на 2.место на табелата, заостанува три бода зад лидерот Јувентус кој пак вечерва ќе му гостува на Наполи.